Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (16.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 216 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 67 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 19 мерки за непрописно престројување на возила, шест санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.