Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден евидентирало вкупно 190 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 22 за возење без возачка дозвола.
-Изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, шест за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, две за недавање првенство на минување на пешаци и 48 санкции за непрописно паркирани возила, соопштуват од МВР.