Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 60 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.