Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, 10 мерки возење без возачка дозвола, седум санкции за непочитување на првенство на минување.
Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.

By Author