Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 123 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.