Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.