Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 117 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол, три санкции за возење повеќе од дозволената брзина, осум санкции за технички неисправни возила.
Изречени се 14 санкции за недавање предност на пешаци на пешачки премин, три мерки за возач почетник, две санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за минување на затворен сигнал црвено светло…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.