Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.11.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 102 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина четири санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за нерегистрирани возила.
Изречени се осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.