Според последните информации, рускиот конвој напредува кон Киев, додека Херсон, град на југот на Украина, е опколен од руски војници.

Сателитските снимки направени од компанијата „Максар“ покажуваат руски конвој кој се наоѓа на околу 64 километри североисточно од главниот град Киев, а прашање на време е кога ќе пристигне пред главниот град на Украина.

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, кој е поддржан од Русија, објави дека неговите сили имаат за цел да го опколат украинскиот Мариупол, пренесе руската новинска агенција РИА.

„Задачата за денес е директно да го опкружиме Мариупол“, рече Пушилин во телевизиско интервју. Градоначалникот на Мариупол претходно изјави дека неговиот град е под постојано гранатирање.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во текот на денот ќе се обрати пред Европскиот парламент, пренесува АФП.

By Author