Гувернерот на Белгородската област во Русија, Вјачеслав Гладков денеска соопшти дека во украинското гранатирање на селото Головчино е повредена една жена и дека е причинета материјална штета.

„Имаше гранатирање од Украина во селото Головчино во областа Грајворон. Има уништување“, напиша руски функционер на „Телеграма“, истакнувајќи дека се утврдуваат штетите и можните жртви.

Подоцна објави дека во гранатирањето на ова село е повредена една жена.

„Има жртва, жена, локален жител. Сега и се пружа сета потребна медицинска помош“, рече тој.

By Author