Како што дознава „Фајненшл тајмс“ од американски претставници, Русија побарала од Кина да и испрати воена опрема и економска помош и на тој начин да ја поддржи нејзината инвазија на Украина.
Други американски претставници запознаени со случајот изјавија за Фајненшл тајмс дека САД се подготвуваат да ги предупредат своите сојузници бидејќи има индиции дека Кина се подготвува да и помогне на Русија.
„Њујорк тајмс“ од свои извори блиски до американските власти дознава дека Русија побарала и економска помош од Кина „за да се спротивстави на ударите што нејзината економија ги претрпе од широките санкции наметнати од САД и европските и азиските земји“.