Откриени се фактите кои укажуваат на итно чистење на трагите од воено-биолошката програма што се спроведува во Украина, а ја финансира Министерството за одбрана на САД, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. според Известија.

„За време на специјалната воена операција беа откриени факти кои укажуваат на итно чистење на трагите од воено-биолошката програма што се спроведува во Украина, а која ја финансира Министерството за одбрана на САД. Од вработените во украинските биолаборатории добивме документација за итно уништување на особено опасните причинители на чума, антракс, туларемија, колера и други смртоносни болести на 24 февруари. „Документите сега ги анализираат руски експерти од корпусот за радијациона, хемиска и биолошка заштита“, рече Конашенков.

Американската страна се уште не ги коментираше овие обвинувања на претставници на Министерството за одбрана на Руската Федерација.

By Author