Украина: Руски ракетен крстосувач нападнат со противбродски ракети Нептун
Шефот на регионалната администрација во Одеса, Максим Марченко изјави дека рускиот ракетен крстосувач „Москва“ бил нападнат со противбродски ракети „Нептун“ и дека е сериозно оштетен.

Пожар и експлозија на воениот брод „Москва“
Пожар избувна на рускиот брод „Москва“, водечкиот брод на Црноморската флота, за кој Русија тврди дека е последица од експлозија на резерви на муниција, додека Украина тврди дека го погодила бродот со ракети.

„Крузерот „Москва“ на Црноморската флота е сериозно оштетен поради детонација на муниција која настанала како резултат на пожарот. Екипажот е евакуиран“, јави рускиот државен медиум ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Претходно Украина објави дека нејзините воени трупи погодиле и оштетиле руски воен брод во Црното Море.

Крузерот Моксва учествуваше во фаќањето на украинските војници на Змискиот остров.

By Author