Роденденот на црногорскиот поет и владетел Петар Втори Петровиќ Његош, 13 ноември, во иднина во Црна Гора ќе се одбележува како државен празник, одлучи денеска Собранието на Црна Гора.

Законот за утврдување на денот на раѓањето на Његош како национален празник го поддржаа 69 пратеници од власта и опозицијата, додека тројца пратеници од Бошњачката партија беа против.

Предлогот за промена на Законот за празниците го иницираа демократите на претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ.

Роденденот на Његош ќе биде одбележан со културни настани посветени на ликот и делото на Његош.

Министерството за култура на Црна Гора уште во 2013 година предложи роденденот на Његош да биде прогласен за национален празник на културата. Предлогот не помина, како што не помина и во 2016 година, кога владата го најави и воведувањето на Денот на Његош како нов државен празник. Владата се повлече од тој предлог. На тој предлог остро реагираше Бошњачката партија, коалиционен партнер во тогашната влада.

By Author