Рекордни температури беа измерени на северната страна на Алпите во Швајцарија и Лихтенштајн на почетокот на 2023 година.
Во малиот северен швајцарски град Делемон и главниот град на Лихтенштајн, Вадуц, измерени се над 20 степени Целзиусови, објави Метеоњуз.
Во Делмон вчера беа забележани 20,9 степени.
Вкупно 36 мерни станици измериле локални максимални температури на Нова година.
Претходниот рекорд за овој месец беше измерен на 12 јануари 1993 година во Луцерн, кога беше 19,4 степени.