Организаторите на Зимските олимписки игри во Пекинг соопштија дека се регистрирани 45 нови инфекции со коронавирус.
Откриени се 25 случаи на инфекција меѓу спортистите и членовите на делегацијата, од кои 20 беа откриени на аеродромот во Пекинг Капитал и пет за време на дневното PCR тестирање.
Останатите 20 случаи вклучуваат луѓе кои работат на Игрите, вклучувајќи ги и медиумите.
Претставникот на Организацискиот комитет Хуанг Чун рече дека ова се „очекувани бројки“. Се очекува позитивните случаи да се намалат во наредните денови бидејќи се помалку луѓе пристигнуваат во Пекинг.
Заклучно со 23 јануари, откриени се вкупно 353 позитивни случаи на коронавирус.
Инаку, Кинезите многу се потпираат на заштитата од вирусот, па дури и келнерите во објектите служат пијалоци облечени во заштитни одела речиси како лекари во зоните на Ковид.