Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се обидуваат од Украина да направат Антирусија.Тој објаснува дека западот ја подржува чистката која е започната на Украинската политичка сцена.
“Судејќи по се што се случува очигледно е дека од Украина прават антипод на Русија или Антирусија, платформа од чија територија константно ќе добиваме вести кои од нас ќе бараат особено внимание од аспект на осигурување на безбедноста.”вака Путин ја отвори седницата со членовите на советот за безбедност на Русија
“Сега има очигледна чистка на политичката сцена. Националните медиуми се затвораат. И ништо, нашите западни партнери воопшто не реагираат, да не кажеме дека поддржуваат такви одлуки”, истакна Путин.
Рускиот претседател го коментираше и фактот дека властите во Киев го ставија во домашнен притвор опозицискиот политичар Виктор Медведчук под обвинение за велепредавство.
Тој посочи дека некои претставници на украинското раководство со години мирно соработуваат со Русија, вклучувајќи го и Крим, додека за тоа се обвинуваат претставниците на опозицијата.
„Од политички причини, некој е обвинет за соработка со Русија во областа на економијата, иако многумина, меѓу нив и високи украински функционери активно соработуваат со Русија, дури и Крим и никому ништо“, рече тој.Претходно денес, портпаролот на Кремељ Дмитриј Песков изјави дека Путин верува дека лидерот на украинската партија „Опозициска платформа – за живот“ Виктор Медведчук, кого Киев го сомничи за велепредавство и проневера на национални ресурси на Крим, е еден од ретките украински политичари кои се залага за нормализирање на односите со Русија.
Од Кремељ велат дека се надеваат дека ова не е лов на вештерки.