Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу му рекол на рускиот претседател Владимир Путин дека Мариупол паднал во руски раце. Според него, во времето кога градот бил опколен, бројот на припадниците на украинската војска и странските платеници бил околу 8.100 луѓе.

Рускиот претседател од своја страна изјави дека нема потреба да се влегува во катакомбите. Индустриската зона во Азовстал треба да се блокира за „ни мува да не прелета“.

Путин смета дека е нецелисходно да го нападне Азовстал.

„Ви наредувам да го откажете“, му рекол Путин на Шојгу.

Шојгу го нарече Мариупол престолнина на екстремистичкиот „Азов“. Околу 2.000 екстремисти остануваат во фабриката Азовстал. Досега се предале 1.478 припадници на баталјонот.

Вооружените сили на Русија и единиците на ДНР и ЛНР ги презедоа сите мерки за заштита на населението. Без разлика на субверзивните акции на екстремистите, од градот се евакуирани повеќе од 143.000 граѓани, а ослободени се сите заложници кои се наоѓале во пристаништето,му соопштил министерот на Путин, пренесува Спутник.

За операцијата на „Азовстал“ потребни се уште три-четири дена, истакна Шојгу. Рускиот претседател од своја страна изјави дека нема потреба да се влегува во катакомбите. Индустриската зона во Азовстал да се блокира за да не лета ни мува.
Путин смета дека е нецелисходно да се нападне Азовстал.

By Author