На 03.11.2022 околу 08.45 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода A.М.(39) и E.М.(36), двајцата од Велес. При претрес во нивниот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени хероин и дигитална вага. Лицата се приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следи соодветна пријава – соопштуваат од МВР.