Денеска (21.01.2022) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Скопје- Оперативен тим потраги и Единица за интервентна полиција го приведоа М.Р. (38) од Визбегово. При извршен преглед кај него е проинајден пиштол со две рамки со вкупно 34 куршуми калибар 9мм. По документирање на случајот, против М.Р. ќе биде поднесена кривична пријава поради сторено кривично дело по член 396 од КЗ-соопштуваат од МВР.