На 05.04.2022 околу 23.40 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 54-годишниот гостиварец М.Л. затоа што при преглед му бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.