На 23.07.2022 во 23.30 часoт на место викано „Каменот“ во Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ го лишиле од слобода Д.М.(44) од Скопје. При преглед во товарно возило „сканиа“ со приколка, кое го управувал, биле пронајдени 86 лица мигранти од Пакистан, Сирија и Индија, меѓу кои имало и малолетници.
Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Возачот бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.  

By Author