Ракетирањата од палестинскиот појас Газа кон Израел продолжија во саботата вечерта, по еднодневната пауза.
Ракетирањето продолжи и покрај повиците од Обединетите нации и заканите од Израел за жестока одмазда, пренесува „Reuters“.
Тензиите во Ерусалим продолжија, откако Палестинците пред неколку дена се судрија со израелската полиција и десничарските Евреи, што беше најголемо насилство во последните неколку месеци помеѓу Израел и Газа.
Милитантите истрелаа ракети кон јужниот израелски град Сдерот, а израелската армија соопшти дека ги пресретнала.
Две милитантни групи од Газа во саботата изјавија дека истрелале 36 ракети кон Израел, додека израелската армија одговорила со напади врз движењето на Хамас, кој е на власт во Газа.