На 19.02.2022 во 22.00 часот во близина на угостителски објект на ул.„Кирил и Методиј“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода А.И.(46) од село Добрашинци, струмичко и А.Т.(28) од Струмица.При преглед во возилото „сеат леон“, во кое се превезувале, бил пронајден и НН бела прашкаста материја.
На 20.02.2022 врз основа на судска наредба полициски службеници извршиле претрес во домот на А.И. во село Добрашинци, при што пронашле и одзеле шприцеви со темно кафеава течност.
Против А.И. била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. По документирање на случајот и против А.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок – соопштуваат од МВР.