Бакингемската палата денес го објави протоколот за погребот на принцот Филип на кој ќе мора да се придржуваат сите присутни.Како се наведува во него принцовите Вилијам и Хари нема да пристигнат заедно во капелата и нема да стојат еден до друг.Измеѓу Принцот Вилијам и неговиот брат во поворката ќе оди единствениот син на принцезата Ана Петар Филипс.Принцот Хари во неделата пристигна во Лондон и во моментов се наоѓа во карантин.
Погребот на принцот Филип ќе се одржи во сабота и тоа е прв пат Хари да ја види својата фамилија по преселбата во Америка.
Никој од членовите на кралската фамилија нема да носат воени униформи, поради принцовите Ендру и Хари.Принцот Ендру остана без своите кралски повластување по аферата со Џефри Епстејн, додека Хари со преселбата во Калифорнија ги изгуби воените патронижи. Кралската фамилија ги замоли сите присутни па и кралицата Елизабета ќе носи маска во текот на погребот и ќе го следи ковчегот на својот сопруг во Бентли.
Заради пандемијата на погребот ќе присуствуваат само 30 луѓе-најблиската фамилија и соработници на принцот Филип.Меѓу нив се децата на кралицата и војводата од Единбург-Чарлс, Ана, Ендру, Едвард, нивните сопружници и децата.Најавено е доаѓање на братучетката на кралицата Сара Чето како и неколку роднина на принцот Филип од Германија.Нема да биде дозволено пеење на церемонијата а мал хор од 4 луѓе ќе ја испеат химната на Велика Британија.