Денеска (09.10.2023) полициски службеници од СВР Битола- ОВР Крушево го приведоа П.З.(70) од с.Светомитрани, крушевско, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, односно намерно предизвикување на пожар во с.Светомитрани. Имено, тој бил затекнат во моментот додека пали сува трева во атар на селото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик-соопштуваат од МВР.