Денеска (21.01.2022) во 05.50 часот на ул.„Јадранска магистрала“ полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(29) од Скопје. Тој се барал со судска наредба за доиздржување на казна затвор во времетраење од две години и три месеци. С.И. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ за доиздржување на казната-соопштуваат од МВР.