На 26.01.2022 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип бил лишен од слобода С.Д.(64) од Штип, бидејќи во 10.20 часот на ул.„Лески“ во Штип бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од патничко моторно возило „застава“. Украдениот предмет бил пронајден, одземен и вратен на сопственикот. По комплетирање на случајот против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.