На 01.02.2022 околу 13.00 часот полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 63-годишниот С.Б. од гостиварско Дебреше. Тој претходно одзел повеќе предмети од трговски објект на улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, сопственост на А.А.(50) од Гостивар. Украдените предмети се одземени и вратени на сопственикот, додека по документирање на случајот против С.Б. ќе биде поднесен соодветен поднесок-соопштуваат од МВР.