Денеска (08.03.2023) околу 03.30 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 47-годишниот тетовец М.П..

Тој се сомничи дека од кругот на тетовска фабрика одзел повеќе производи, кои биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок-соопштуваат од МВР. 

By Author