На 18.04.2022 во 15.500 часот во с.Идризово, скопско, полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Гази Баба – Потраги го лишиле од слобода е Х.М.(32) од с.Идризово. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Скопје за издржување казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ казниво по чл.236 ст.1 т.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.
Лицето било предадено во казнено-поправна установа за издржување на казната-соопштуваат од МВР.