На 29.09.2022 во 14.00 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода П.К.(23) и С.Д.(20), двајцата од Скопје и С.Ј.(20) од Велес.
Тие биле затекнати како оштетуваат излози на две правни лица, при што одзеле и разни предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и со нив бил извршен службен разговор.
За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање Единицата за внатрешни работи Кисела Вода-Одделение за криминалистички работи против нив ќе поднесе соодветна пријава-соопштуваат од МВР.