На 28.09.2022, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко.
При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со амфетамин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.
 

By Author