На 15.11.2022 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Д.Д.(21) и Д.Р.(27), двајцата од Прилеп. При претрес во домот и други помошни простории на Д.Д., извршен со судска наредба, бил затекнат Д.Р. и кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава- соопштуваат од МВР.
 

By Author