На 12.07.2022 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Велес – Полициска станица Неготино го лишиле од слобода Р.А.(44) од с.Пепелиште, неготинско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис со висина од 1,5 до 2 метри, една вреќа со лисја од канабис сатива и едно ќесе со лисја од канабис сатива. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.