На 12.09.2022 околу 23.00 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево ги лишиле од слобода Ф.М.(28) и А.И.(34), двајцата од Кичево. При претрес во домот на Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана и една таблета. При претресот во домот била затекната А.И. и при преглед кај неа биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.

By Author