На 10.11.2023 година во 11.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Т.К.(35) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и семки од канабис. За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на истиот против Т.К. ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР.