На 28.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Н.И.(62) од Битола.

Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи Н.И., при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело.
Н.И. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава-соопштуваат од МВР. 

By Author