Ден полн со пресврти во елитниот европски фудбал. Извлекувањето на паровите за осмина финалето во Лига на шампиони беше закажано за 12 часот, но после воочените пропусти поништено и повторено.

Во осмина финалето се пласирани 16 тимови кои беа поделени во две групи, односно носители првопласираните во групите и не носители оние кој биле второпласирани во своите групи.

Епитетот носител го имаа Ајакс, Баерн, Јувентус, Ливерпул, Лил, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, додека во другата страна се Атлетико Мадрид, Бенфика, Челси, Интер, ПСЖ, Салцбург, Спортинг Лисабон, Виљареал.

Атлетико Мадрид први ѓи забележале нерегуларностите и поднеле жалба. Манчесиер Јунајтед и Виљареал биле извлечени како пар иако доаѓаат од иста група, а во садот на”јорганџиите” како можни противници не се нашле Јунајтед.

УЕФА решила да ја прифати жалбата и да го повтори извлекувањето, па така во второто извлекување баш Атлетико ги доби Јунајтед.

После реакцијата на црвено-белите од Мадрид реаѓираа и белите-Реал Мадрид, тие побараа од УЕФА да се повтори извлекувањето после нивното извлекување, очигледно беа задоволни со Бенфика екипата што ја добија. Европската фудбалска федерација не ја прифати нивната жалба па така Бенфика ке игра против Ајакс, аМадриѓаните ќе треба да ѓи одмерат силите со ПСЖ.

Новите двојки од осминафиналето во Лигата на шампионите се: Салцбург – Баерн, Спортинг – Манчестер Сити, Бенфика – Ајакс, Челзи – Лил, Атлетико Мадрид – Манчестер Јунајтед, Виљареал – Јувентус, Интер – Ливерпул и ПСЖ – Реал Мадрид.

Единствената иста двојка во двете извлекувања е Челзи – Лил.

Првите утакмици од Шеснаесет финалето се на распоред 15 и16 февруари, додека реваншите ќе се играт на 8 и9 март.

By Author