КАМ маркет ѓи замрзнува редовните цени на 100 производи со цел да им испадне во пресрет на своите потрошувачи, за предстојните празници и да го ублажи шокот од инфлацијата.
На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основните продукти, месо, сувомеснати производи, јајца, тестенини, средства за лична хигиена …..
Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари соопштуваат од компанијата.
„Замрзнувањето е во еден правец. Тоа значи дека во наведениот период редовните цени нема да се покачуваат, но во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и другите ресурс, тие може да останат исти или да бидат пониски. Со други зборов, на купувачите им гарантираме ниски редовни цени“-велат од КАМ