Цените на нафтата паднаа на светските берзи минатата недела, првпат во последните три недели, бидејќи инвеститорите стравуваат од заострување на монетарната политика на САД и зголемен извоз на нафта од Иран.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 3,3 осто, на 66,44 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 2,7 проценти на 63,58 долари.
Ценовната поддршка ја обезбедуваат вестите за повторното отворање на економиите во САД и Европа, благодарение на забрзувањето на процесот на вакцинација против Ковид-19.
Трговците, од друга страна, се загрижени дека побарувачката за нафта во Азија може да расте побавно отколку што се очекуваше поради зголемувањето на новите случаи на коронавируси во Индија, Тајван, Виетнам и Тајланд и новиот бран на ограничувања.