Попладнево беше почувствуван земјотрес во Прилеп, Битола и околината со магнитуда од 3.4 степени по Рихтерова скала. Од Телеметриската сеизмолошка мрежа информираат дека земјотресот потекнува од епицентрално подрачје Мрежичко-Кавадарци.
Според Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала се случи во 15:40 часот.