Во првата борбена линија покрај медицинарите,полицијата и новинарите се и луѓето вработени во просветата па така и тие се дел од приоритетната група за вакцинација.Денес започна имунизацијата на просветниот кадар во вакциналниот пункт во С.Ц „Борис Трајковски“-Скопје против Ковид-
19 на наставниот и воспитен кадар од училиштата и градинките од општина Ѓорче Петров.
Првенство при вакцинацијата ќе добие наставниот кадар од прво до трето оделение кои имаат класови до сега но и оние кои ќе предаваатво прво оделение од први септември
Од градинките се вакцинираат воспитувачи, негувателки, педагози и психолози.
Интересот за вакцинација кај воспитниот и наставен кадар од општина Ѓорче Петров е голем.
Овој процес на заштита на населението ќе придонесе за стабилизација на состојбата со
коронавирусот. Сите образовни установи во општината работат согласно протоколите за
заштита од пандемијата.