Британската кралска пошта објави дека ќе издаде специјален сет од 12 поштенски марки „во чест на еден од најдолговечните рок бендови на сите времиња“, Ролинг Стоунс, во годината кога легендарните рокери ја одбележуваат 60-годишнината од нивните заеднички активности.

Нивните настапи низ светот ќе бидат овековечени на поштенските марки. На осум поштенски марки ќе го има фронтменот Мик Џегер, гитаристите Кит Ричардс и Рони Вуд, како и починатиот тапанар Чарли Вотс на концерти во различни делови на светот, од лондонскиот Хајд Парк во јули 1969 година до Ист Радерфорд во Њу Џерси 2019 година.

На преостанатите четири поштенски марки има две слики од сите членови на бендот заедно и два постери од нивните светски турнеи.

Вотс почина минатата година на 80-годишна возраст.

„Малку бендови во историјата на рокот успеале да создадат толку богата и обемна кариера како Ролинг Стоунс“, вели Дејвид Голд, директор за односи со јавноста во Ројал пост.

By Author