Почина познатиот македонски диригент и композитор Александар Џамбазов на 85 годишна возраст.
Веста за неговата смрт на Инстаграм ја соопшти неговиот син Игор Џамбазов, кој во својата објава напиш : “Си замина нашиот МАЕСТРО, тивко и нечујно како што живееше во последните 25години…. Од денес конечно со својата Анче… Вечен нека ни е споменот на тебе, маестро мој“
Александар Џамбазов е роден на 3 февруари 1936 година во село Стапар, Војводина. Тој е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.
Тој е добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.
Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска и филмска музика за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ и многу други, како и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирше и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.
Последен поздрав, маeстро. Почивај во мир.