Од Град Скопје информираат дека поради големата заинтересираност на граѓаните за субвенциите за купување електрични тротинети и исполнување на предвидените средства, овој јавен повик е затворен.
„На јавниот повик на Град Скопје за доделување субвенции за купување електричен тротинет граѓаните можеа да се пријавуваат електронски и да доставуваат фискални сметки за купен електричен тротинет од почетокот на годинава, поточно од први јануари 2021 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 30 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. Повикот се спроведува попринципот „прв дојден – прв услужен“, стои во соопштението од Град Скопје.
Додаваат дека во Буџетот на Град Скопје за 2021 година за субвенции за електрични тротинети се предвидени 1,5 милиони денари.