Мадона Луиз Чиконе – кралица на поп музиката, писател, продуцент, актер… родена е на 16 август 1958 година во Мичиген.

Историјата на нејзиниот живот е олицетворение на американскиот сон, докажува дека и невозможното е возможно. Таа ја стекнува својата слава со нејзините иновативни музички спотови, изведби и често контравезната употреба на сексуални и релиѓиозни теми. Повеќето од нејзините
хитови пеачката сама ги има напишано а за некој од нив има добиено и Греми награди.

Во 2000 година Гинисовата книга на рекорди ја карактеризира како нај влијателен женски уметник. Има продадено 300 милиони албуми, а светските турнеи и донеле преку 1,4 милјарда долари. Нејзиниот прв албум, едноставно наречен “МАДОНА” го објавила во далечната 1983 година. Мадона во 1996 година глумеше во филмот “Евита” за која доби златен глобус.

Таа направи тренд кој и денес го следат многу ѕвезди, од Бритни Спирс до Тејлор Свит. Мадона беше сојузник на ЛГБТ популацијата уште пред да стане тоа модерно.

By Author