Гиершевски претходно неофицијално објави дека по падот на ракетите во близина на границата со Украина, полски воени авиони полетале од аеродромот кај Томашов Лубелск
Полскиот новинар од Радио ЗЕТ во Олштин Мариуш Гиершевски , беше меѓу првите што известуваше за експлозијата во Пржеводов, за која подоцна се покажа дека се соборени ракети. Додека Русија ја обвинува Полска за уште еден чин на провокација и наведува дека ракетите во кои загинаа две лица не биле нивни, НАТО и Западот велат дека цврсто ќе застанат на страната на погодениот член на Алијансата. Имено, овој новинар тврди, како што велат негови извори, дека токму „остатоците од руските проектили биле соборени од украинските вооружени сили“, што го објави и на Твитер.
Овие наводи не се потврдени