Масовна гробница со околу 440 гробови е откриена во украинскиот град Изјум откако беше ослободен од контролата на руските сили, изјави висок украински полицаец за Sky News.
Серхи Болвинов, главен полициски истражител за регионот Харков, рече дека сите тела ќе бидат ексхумирани и транспортирани за форензичко испитување како дел од големите полициски напори поврзани со откритието, заедно со обвинителите и другите истражители, за собирање докази за наводните руски војни злосторства..
Тој рече дека телата се погребани поединечно на импровизирано место.
Полицајците знаат и за голем број други гробни места откако почнаа да истражуваат какви злосторства се извршени во делови од регионот Харков, кои беа под руска окупација со месеци, но сега се повторно во рацете на Украина, рече Болвинов.
Стрелање, артилериски оган, воздушни напади…
– Можам да кажам дека е еден од најголемите погребувања во ослободен град, кој содржи повеќе од 440 гробови. На едно место се закопани околу 440 тела – изјави главниот истражител, повикувајќи се на местото во Изјум.
На прашањето дали може да каже како загинале жртвите, тој одговори: „Знаеме дека некои се убиени (застрелани), некои загинаа во артилериски оган, од таканаречена траума од експлозија на мина. Некои загинаа во воздушни напади. Имаме и информации дека многу тела се уште не се идентификувани, па причините за смртта ќе се утврдат во текот на истрагата – одговори тој на прашањето дали може да каже како загинале жртвите.
Болвинов, исто така, опиша како откривањето на локацијата влијаело врз него.
– За мене беше особено шокантно и ужасно, ова е злосторство против човештвото. Вака не треба да биде во цивилизираниот свет од 2022 година… Ова е толку ужасна приказна и непријатна од кој било агол. Убеден сум дека злото дефинитивно ќе биде казнето.