Ова зима игледа колку појужно толку повеќе снег, на почетокот од неделава Грција и Турција ѓи фати снежно невреме, сега Израел се разбуди со снежна покривка.
Ерусалим во текот на ноќта го зафати снежна бура, што е исклучително ретка појава во овој израелски град, пренесува АП.
Главните автопати кон Ерусалим се затворени, а училиштата и деловните субјекти денеска нема да работат, бидејќи општинските служби работат на чистење на улиците.
Куполата на карпата од утрово е покриена со снег.
Израелската полиција, наводно, ги затворила и главните автопати на планинскиот Западен Брег поради опасните услови на патиштата.
Снежните врнежи на ридовите околу Ерусалим се невообичаени и се случуваат можеби еднаш во текот на зимата.
Зимска бура го погоди источниот Медитеран, носејќи обилни дождови и ветер на Блискиот исток, додека Истанбул и Атина се покриени со снег кој почна да паѓа на почетокот на оваа недела, јавува АП.